Највкусните и најбрзите СВИНСКИ КОТЛЕТИ во сос од кромид

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Кога ви треба нешто сочно, вкусно и брзо, одговорот е свински котлети во сос од кромид. Ви треба само една тава и околу половина час за ова јадење. Идеално гарнирче за ова јадење е компирот приготвен во путер или ориз.

Состојки:

ЗА 4 ЛИЦА:

  • 500 гр стекови од свинско месо без коски (8 помали шницли)
  • 2  кромида
  • 2 лажици брашно
  • 300 мл бистра супа
  • 25 гр путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 2 прстофата бибер
  • малку исушена мајчина душица
  • малку лук во прав

За послужување:

  • 100 гр кашкавал
  • неколку гранчиња свежи листови од целер или магдонос

Подготовка:

- Advertisement -

Излупете кромид и исечете го на тенки парчиња.

Загрејте длабока тава, додадете путер и маслиново масло, и штом путерот се стопи, додадете го кромидот и ставете го да се динста, со постојано мешање, околу 5-6 минути. Потоа додадете 4-5 лажици од бистрата супа и продолжете да крчкате уште 10 минути, додека кромидот убаво да омекне и добие златна боја. Извадете го кромидот на чинија и оставете го настрана.

Додека кромидот врие, подгответе ги шницлите: исушете ги од двете страни, а потоа посолете ги со сол и бибер, посипете ги со мајчина душица и лук во прав. Свртете ги и повторете од другата страна.

Во истата тава во која го готвевте  кромидот, испржете ги шницлите. Доколку е потребно, додадете малку повеќе маслиново масло во тавата, а потоа додадете четири шницли и печете ги по 2-3 минути од секоја страна. Извадете ги на чинија и покријте ги.

Вратете го кромидот во тавата, додадете 2 лажици брашно и промешајте кратко, а потоа истурете ја останатата бистра супа и оставете го сосот да зоврие. Додадете сол и бибер, а потоа вратете ги шницлите во тавата и оставете ги сите заедно да вријат уште 10 минути.

На самиот крај посипете со рендан кашкавал, покријте го и оставете да се стопи. Посипете со ситно исецкани лисја од целер или магдонос пред сервирање.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!