Доколку не сте ја пробале досега оваа салата, топло ви ја препорачуваме. Кикириките во овој кремаст сос со пилешко месо – совршено си одговараат!




Салатата заситува, па може да се полужи и како оброк. Убаво изгледа, брзо се прави – совршенство од салата. Пробајте, нема да се покаете.
Состојки:
- 400 г пилешко бело месо
- 300 г кисела павлака со масленост 20%
- 200 г мајонез
- црн пипер по вкус
- 50 г пропржен сусам
- 200 г солено мелено кикирики или пропржено кикирики
Подготовка:
Најпрво 400 г пилешко месо сварете го вода со малку сол. Потоа исцедете го, оставете го да излади, па колку што можете поситно исечкајте го.




Во подлабок сад ставете 300 г кисела павлака со мм 20% и 200 г мајонез. Зачинете со црн пипер по желба и вкус. Добро промешајте додека да добиете изедначен крем.




Сусамот пропржете го сува тава колку да замириса и малку да пожолти. Оставете да се олади па додадете го мешавината од павлака и мајонез. Кикириките купете ги солени и печени, а доколку се сирови, исто така, испечете ги во рерна и посолете ги. Потоа солемелете ги и додадете го претходната мешавина.




Измешајте убаво додека да се изедначат и соединат состојките. Додадете го месото и повторно промешајте. Вкусете дали е доволно солено и по потреба додадете зачини.




Декорирајте по желба. Салатата може да се послужи ладна директно од фрижидер, како предјадење, мезе, како прилог, па дури и како главно јадење.




На здравје!