Нашите баби ги правеа со многу љубов: Рецепт за старински гураби кои сите ги обожававме!

Вреди да се проба:

Нема нешто послатко од овие старински колачиња.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 70 гр масло
  • кора од лимон
  • 70-100 гр шеќер
  • 100 гр сечкани ореви
  • 1 лажичка сода бикарбона или прашок за пециво
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Во маслото додадете едно јајце и една жолчка, ванилиниот шеќер, ванилата, кората од лимон и изматете сè. Додадете брашно со сода бикарбона или прашок за пециво, замесете малку, па додадете уште една лажица брашно.

- Advertisement -

Убаво замесете тесто. Покријте и ставете во фрижидер половина час. Расукајте го тестото на дебелина од 1/2 см и со чаша извадете ги малите колачиња.

Секое колаче поминете го низ преостанатите белки, па потопете ги во сечканите ореви. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се пече на 200°C околу 15-17 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!