Традиционален рецепт за Младенци: Како да направите посни колачиња за Младенци!

Вреди да се проба:

На денот на младенците, треба да се направат 41 колаче – од кои 40 се за 40- те свети маченици, и се додава 1 колаче за невестата, односно за детето што ќе го роди!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 25 гр квасец
  • малку сол
  • 2 лажици маслиново масло

За обложување:

- Advertisement -
  • мед

Подготовка:

Измешајте го брашното со масло. Во сад, ставете го брашното и направете дупка на средина во која треба да го ставите квасецот, додадете шеќер и сол и месете се со млака вода. Оставете го тестото да одмори ½ часа.

Пренесете го тестото на работната површина и формирајте правоаголна форма од тестото, со дебелина на еден прст, а потоа извадете 41 парче мали колачиња со калап или чашка. Наредете ги колачињата во намастена тава и оставете ги да одморат половина час.

Пред печење, премачкајте ја горната површина на крофните со масло и печете на средна топлина во зависност од рерната, 180-200 степени Ц, околу 40 минути.

Кога ќе ги извадите од рерна, посипете ги со мед и послужете.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!