Направете 3 различни видови мали колачи од 1 смеса: Десерти за сечиј вкус со чоколадо, кокос, бисквити и лешници!

Вреди да се проба:

Реклама

За слава секогаш ни требаат мали колачи, а ако се прават без да се запали рерната и од една смеса да добиете три различни видови, тогаш тоа е полн погодок.

Ова е таков рецепт, а ако ви требаат повеќе колачи, само дуплирајте ја смесата. Покрај малите колачи, можете да направите и едноставна торта како што е киндер буено.

Реклама

Состојки:

За смесата:

  • 200 мл вода
  • 150 гр путер
  • 50-100 гр шеќер
  • 100 гр бело чоколадо
  • 250 гр мелени бисквити
  • 50 гр мелени (ситно сечкани) лешници

За гнезда од бели лешници:

Реклама
  • бел дел од еуркрем
  • мелена плазма и лешници

За топчиња полни со крем:

  • еурокрем
  • кокос

За чоколадни штангли:

  • околу 100 гр чоколадо со бисквити (може да се направи и со лешници)
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Во водата додадете путер, шеќер и бело чоколадо. Растопете, па истурете мелени лешници и бисквити, промешајте. Оставете ја смесата да се излади 1-2 часа.

- Advertisement -

Смесата поделете ја на 3 еднакви делови. Од првиот дел се прават како мини плескавици, се виткаат лешници, па се прави дупка на едниот крај од колачето и се прелива со белиот дел од еурокремот.

Од другиот дел од смесата се зема малку, се прелива еурокрем и се обликуваат топчиња. Се тркалаат во кокос.

Од третиот дел од смесата направете мини штангли кои ќе ги потопите во чоколадото кое сте го стопиле со масло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -