Направете „ШАМПАЊ“ од бозел и уживајте во освежителните меурчиња!

Вреди да се проба:

Реклама

Билниот, безалкохолен шампањ од бозел, носи привлечност на гламурот во секоја прилика.

Секој знае за слаткиот сок од бозел и сака да го прави. Да не се мешате, овој „шампањ“ не содржи алкохол во себе, но има забавни меури како вистински шампањ.

Реклама

Состојки:

  • 4 литри вода
  • 620 гр кафеав шеќер
  • два лимона
  • 8 цветови од бозел
  • 2 лажици бел вински оцет

Подготовка:

Ставете ја водата да зоврие, додадете го шеќерот и мешајте додека не се раствори шеќерот. Тргнете го од шпоретот и оставете да се излади. Еден лимон исцедете го добро, а другиот исечете го на четвртини.

Ставете ги цвеќињата на во земјен или пластичен сад, истурете засладена вода врз нив, ставете четвртини од лимон, сок од лимон и оцет. Промешајте, покријте го со крпа и оставете да стои еден ден.

Реклама

По 24 часа, исцедете го сокот преку газа, истурете во стерилизирани шишиња, добро затворете и по седум дена можете да го користите шампањот од бозел. Растворете со разладена газирана вода и ќе добиете пијалок со меурчиња.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -