Направете ЧВАРКИ во домашни услови : Свежо пржени, крцкави и вкусни!

Вреди да се проба:

Реклама

Што велите за порција-две свежо испржени домашни чварки? Нема да може да им одолеете, толку крцкави и вкусни.

Состојки:

  • 5 кг сланина
  • 1 л вода
  • 2 кафени лажички сол

Начин на подготовка:

Сланината потопете ја во вода и оставете ја да отстои барем 2 часа за да се измие убаво од крвта.

Реклама

Измиената сланина исечкајте ја на коцки со големина 2х2 см. Коцките ставете ги во подлабоко тенџере и додадете околу 1 литар вода (околу 3/4 од парчињата сланина да бидат потопени).

Ставете го тенџерето на силен оган додека да зоврие водата и повремено мешајте за да не загори.

Реклама

Кога ќе зоврие водата, намалете ја температурата и продолжете со варење на умерена температура (повторно со повремено мешање). За ова време течноста прво ќе стане матна емулзија од маст и вода, а потоа ќе се избистри т.е. ќе остане само маст.

По околу 2.5 часа варење и откако ќе стане течноста бистра, исцедете ја маста во посебно тенџере. Чварките вратете ги во истото тенџере да се пржат уште се додека не добијат убава златесто-кафеава боја, со постојано мешање за да не загорат.

Кога чварките ќе потемнат, повторно исцедете ја маста и пржете ги уште многу малку (околу 10-тина минути). После пржењето повторно исцедете ги, и притискајте ги со лажица (за гмечење компири за пире) за да се исцеди што е можно повеќе маст.

- Advertisement -

Исцедените чварки префрлете ги во посебен сад и веднаш посолете ги со сол по вкус. Може да се служат и топли и ладни.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -