Колку леб сте изеле во животот? Не е доволно, ако не сте го пробале сочниот пржен леб кој толку прекрасно мириса на цимет и ванила … Еден од наједноставните, можеби најчестите начини да се „рециклира“ стариот леб е да се похува.
Кога се потопува во мешавина од јајца и млеко, стариот леб доживува целосна метаморфоза и станува закуска што не сакаме да престанеме да ја јадеме, станува вистинско сочно задоволство.
Сигурни сме дека сте јаделе пржен леб цел живот, само леб или со сирење и шунка, но дали сте го пробале во слатка верзија? Ако не сте време е, затоа што имаме рецепт за сочен сладок пржен леб кој мириса толку прекрасно на цимет и ванила.
Состојки:
- 6-8 парчиња леб (стар најмалку два дена)
- 2-3 јајца
- 250 мл млеко
- 1 лажица кафеав шеќер
- ½ лажичка цимет
- 1 лажичка екстракт од ванила
- рендана кора од еден лимон
- малку сол
- 75 гр путер
За попрскување:
- шеќер во прав
- цимет
Подготовка:
Изматете ги јајцата во сад, изматете ги убаво, па додадете сол, шеќер, цимет, ванила и рендана кора од лимон и матете кратко. Додадете млеко и измешајте се добро. Потопете го лебот во вака подготвената смеса.
Стопете го путерот во широко загреана тава и испржете го лебот на средна топлина (пржете го 2-3 минути од секоја страна).
Ставете го препечениот леб на чинија покриена со хартија (да се впие вишокот маснотии). По неколку минути тргнете ја хартијата, па посипете го лебот со шеќер во прав и додадете малку цимет по желба.
Послужете топло за појадок.
Пријатно!