Чајот за миом на матката може да помогне во лекувањето на овој проблем со кој се соочуваат многу жени.




Чај за миом на матката се пие 20 дена, а после тој период се прави пауза од 10 дена, па се продолжува со чајната терапија и се пие повторно 10 дена. Овој билен чај се пие надвор од месечен циклус.




Состојки:
- 2 лажици ситно сечкан ранолист (Betonica officinalis)
- 10 тина листови од коприва (Urtica dioica)
- 10 тина листови од капина (Rubus frticosus)
- 1 лажица ситно сечкани листови жалфија (Salvia officinalis)
- грст лисја и цветови од ајдучка трева (Achillea flower)
- 10 тина листови од диво нане (Mentha piperita)
- 1.8 л зовриена вода
Подготовка:




Во зовриената вода ставете ги сите чаеви и оставете го садот покриен 90 минути на страна од ринглата. Процедете и засладете со мед по желба. Овој чај треба да се пие по 200 мл пред појадок, ручек, вечера и пред спиење. Тоа се вкупно 800 мл во еден ден за пиење.




Преостанатиот еден литар се користи за испирање на долниот дел од телото. Плакнењето се врши со 500мл чај, два пати на ден и со пауза од 4 часа помеѓу нив. Течноста за испирање не смее да биде топла, туку млака. Испирањето со млак чај се прави секој втор ден.




Пред секоја употреба на било каков лек или народен лек, консултирајте се со вашиот лекар.