Многу едноставно а многу вкусно. Ќе го правите повторно и повторно.




Состојки:
- 500 мл млеко
- 20 гр свеж квасец
- околу 1 кг бело брашно меко
- 120 мл масло
- 1 лажичка шеќер
- 1,5 лажички сол
- 1 лажица алкохолен оцет
Подготовка:
Стопете го квасецот во топло млеко, додадете шеќер и другите состојки и замесете меко тесто што не ви се лепи за рацете со додавање брашно. Додадете брашно и месете малку, кога ќе престане да ви се лепи за рацете, тогаш тестото е подготвено.




Тестото треба да биде воздушно, меко и мазно. Замесеното тесто покријте го со кујнска крпа и оставете го да се крене на топло место околу 40-45 минути. Поделете го тестото на две топчиња, лесно измешајте ги и истегнете ги, па замесете ги во леб.




Исечете со нож на неколку места одозгора и оставете го да се крене во плехот за печење уште малку додека се загрева рерната, а потоа печете го додека не пожолти. Печете на 250 степени Ц околу 10 минути, а потоа на 200 степени Ц уште 20 минути. Печениот леб завиткајте го во кујнска крпа и ставете го во пластична кеса да се олади и омекне.