Реклама
За посни ванилички замесете тесто без јајца и млеко, па извадете ги формите и печете. На крај премачкајте со домашен џем.




Старомодни колачиња кои првпат ги пробавме со нашите баби. Целата куќа мирисаше на колачи. Покрај наполитанките, најмногу се радувавме на ванилиците. Сега направете ги од посно тесто и можете да ги јадете ако постите за Божиќ или ако го славите Свети Никола.
Реклама
Состојки:
За тестото:
- 400 гр меко брашно
- 250 гр маргарин
- 1 лажица оцет (јаболков или вински)
- 1 лажица сок од лимон
- 4 лажици вода
Повеќе:
Реклама
- џем по вкус
- шеќер во прав
- ванилин шеќер
Подготовка:




Се замесува тесто од наведените состојки и се остава да отстои на ладно до следниот ден. Расукајте го тестото и со мал калап извадете ја саканата форма.




Се пече во загреана рерна на 180°C, да остане бело. Изладените ванилички соединете ги со џемот по вкус и валкајте во мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.




Пријатно!