Морковот е еден од најздравите зеленчуци кој содржи многу корисни и лековити состојки, богат е со витамин А, анти оксидансот бета каротен, витамин Д, витамини од Б комплексот, калиум, калциум, цинк, етерични масла…




Затоа направете лепче богато со витамини.
Состојки:
- 1 шолја брашно
- 3 јајца
- 120 мл маслиново масло
- 150 гр морков (рендан)
- 1 лажица шеќер
- 3 лажици коријандер
- 1 лажица куркума
- ½ лажица прашок за пециво
- ½ лажица сода бикарбона
- ½ лажица сол
- малку црн пипер
- ½ шолја семки од тиква (непечени)
- ½ шолја сончоглед (непечени)
- 120 гр козјо сирење (за послужување)




Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степен.
Во поголем сад за готвење изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете маслиново масло, рендан морков и коријандер.




Во друг сад за готвење измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете сода бикарбона, 1 лажица куркума, семки од тиква и сончоглед. Додадете малку сол и малку црн бибер, а потоа целата смеса префрлете ја во првиот сад со јајцата. Мешајте се додека не добиете убава хомогена смеса.




Плехот или калапот обложете го со хартија за печење или премачкајте го со путер. Истурете ја смесата во калапот, одозгора наросете со семки од тиква и ставете да се пече.
Печете 50 до 55 минути, се додека ништо не се лепи на чечкалицата.
Послужете со топено козјо сирење.




Добар апетит!