Реклама
Пристигнаа студените вечери и иако можеби не сме најголемите љубители на студеното време, ова е одличен изговор да се загреете со топло чоколадо.




Овој пат откриваме брз и лесен рецепт за најслаткиот топол напиток, погоден и за веганите.
Реклама
Состојки (за 4 лица):
- 4 шолји бадемово млеко
- 4 лажици какао во прав
- 2 лажици кокос шеќер
- 1 шолја рендано темно чоколадо
- 2 лажички екстракт од ванила
- прстофат сол
Подготовка:
Во мал сад истурете бадемово млеко, какао во прав, шеќер и рендано чоколадо и убаво измешајте.




Загрејте на умерена температура, но внимавајте да не зоврие. Мешајте постојано додека не добиете мазна и кремаста текстура. На крај додадете го екстрактот од ванила и посолете малку.
Реклама




Напитокот се прелива во шолји и по желба се додава шлаг, бадеми снегулки и какао во прав.




На здравје!