Направете еден несекојдневен ручек: Вулкан од ориз со лава од гулаш!

Вреди да се проба:

Мора да признаеме, ова е многу интересна идеја. Во прилог даден е рецепт за приготвување на ориз и гулаш.

Состојки:

За варен ориз:

- Advertisement -
  • 1 кесичка ориз
  • 1 лажица путер
  • зачини по вкус

За гулаш:

  • 600 г јунешко месо
  • малку грашок по желба
  • малку морков
  • зачини по желба
  • 1 готов сос за гулаш

Подготовка:

Оризот измијте го и сварете го според упатството на кесичката, 10 минути. Откако ќе се свари, додадете 1 лажица путер и зачини по желба. Оризот можете да го приготвите и според ваш рецепт.

За формирање на вулканот, потребни ви се еден помал и еден поголем сад. Поголемиот сад намастете го со путер од внатрешна страна, а помалиот сад намастете го од внатрешната страна. Помалиот сад ставете го во поголемиот (превртен).

Ставете го оризот во меѓу просторот, одозгора притиснете малку со лажица, а потоа преклопете со поголема чинија и преврете ги садовите, па внимателно отстранете ги.

За подготовка на гулашот, сите состојки варете ги 40 минути во тенџере. Изматете сос за гулаш и додадете го, па оставете на тивко да крчка уште 10 минути.

Почекајте оризот да се олади, па полека во него со кутлача ставете го врелиот гулаш.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!