Реклама
Хумусот во секоја варијанта е добредојден на трпезата. Еве еден поинаков начин да направите покремаст хумус.




Состојки:
- 300г обарен наут
- 4 лажици таан
- 4 лажици маслиново масло ладно цедено
- сок од 1/2 лимон
- 1/2 авокадо
- 4 чешниња лук
- по желба чили
- по желба сол
- 4 обарени суви пиперки




Подготовка:
Сувите пиперки обарете ги околу 15 минути за да омекнат за да може лесно да се излупат. Наутот ако не е сварен најдобро е да се покисне и да одстои така преку вечер, а потоа додадете малку сода бикарбона која помага лесно да се развари. Варете го околу 30тина минути.
Реклама




Сега сите состојки како обарените пиперки, обарениот наут, излупеното авокадо исечено на коцки, таанот, лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, сол и чили, се заедно ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Иако оригиналниот рецепт за хумус не содржи авокадо, тоа ќе му даде покремаст и мазен состав на смесата.
Реклама




Добар апетит!