Направете домашно топено сирење за мачкање : За вкусен традиционален појадок!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете традиционално домашно сирење за мачкање.

Состојки:

  • 700 гр. домашно сирење (може и урда)
  • 1 литар млеко
  • 200 гр. кајмак
  • 1 лажиче сол
  • 1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

За подготовка на ова топено сирење пожелно е да користите домашни млечни производи.

Реклама

Најпрво загрејте го млекото, но внимавајте да не зоврие и во него додадете го домашното сирење иситнето или може и рендано. Оставете млекото да се одвои од кашкавалот, односно одозгора да биде жолтеникава течност.

Исцедете ја добиената смеса и оставете 10 минути да се цеди. Во друга шерпа истураме кајмак, сол, прашок за пециво и го ставаме да се загрее. Загрејте малку и додадете ја прецедената смеса што претходно ја подготвивте.

Реклама

Растопете ги состојките заедно со постојано мешање додека смесата не порумени.

Koga ќе добиете една убава хомогена смеса, добиеното топено сирење претурете го во еден пластичен сад и оставете да се олади. Потоа сервирајте го во чинија и вака подготвено е спремно за дегустација.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -