Реклама
Подгответе си домашен здрав сок од портокал, полн со витамини и минерали и огромно антиоксидантско дејство.




Состојки:
- портокал 2 кг
- шеќер 500 гр
- вода 4,5 литри
- лимонтус 1,5 кесички
Подготовка:
Измијте ги портокалите под млаз топла вода и ставете ги во замрзнувач да замрзнат.
Реклама




Замрзнатите портокали изрендајте ги на големо ренде и додадете над 1,5 литри вода. Оставете ги да отстојат 10 минути.




Потоа исцедете ги и додадете шеќер, лимонтус и 3л вода. Промешајте неколку пати да стопи сè и истурете во шишиња.
Реклама
Добиениот сок чувајте го во фрижидер.