Направете домашен путер од кикирики: Обичен или чоколаден – Без адитиви, бои и мириси!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Вкусен путер од кикирики кој може да го подготвите во секое време. Цело семејство ќе ужива во овој неодолив вкус…

Путерот од кикирики може да го направите во две варијанти, обичен и чоколаден.

Обичен путер од кикирики

Состојки:

  • 250 грама кикирики (непечени и несолени)

Подготовка:

- Advertisement -

Кикириките распоредете ги во плех за печење и ставете ги во рерна на 50 степени целзиусови. Доволно е да ги загреете околу 30-45 минути (нема потреба да ги печете на висока температура) и ќе го осетите добро познатиот мирис!

Имајте на ум дека кикириките што се продаваат веќе лупени (без тенката кафена лушпа) се до некаде термички обработени, па најдобро е да купите нелупени. По самото „загревање“ оваа тенка лушпа може многу лесно да ја отстраните само со триење на кикириките помеѓу дланките.

Оставете ги да се оладат 5-10 минути и ставете ги во блендер. Почнете со мелење…

По неколку минути смесата ќе почне да се згуснува и ќе стане леплива. Полека продолжете со блендирање.

Уште неколку минути подоцна кикириките ќе почнат да ги ослободуваат своите масла и смесата ќе стане потечна и похомогена. Тогаш може да прекинете со блендирање и да оставите малку покрцкава текстура, или пак да продолжите додека да добиете текстура мазна како путер.

Чоколаден путер од кикирики

Потребни состојки:

  • 250 грама кикирики (непечени, несолени)
  • 1 лажица какао или рогач
  • 5 лажици јаворов сируп (или друг засладувач по желба)

Подготовка:

Процесот на подготовка е ист како и кај обичниот путер од кикирики, само што при крајот на блендирањето се додаваат какаото и засладувачот.

По потреба може да се додаде и околу 50 мл. вода, бидејќи засладувачот ќе ја направи смесата полеплива и погуста.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!