Направете домашен пудинг од нескафе – Идеален десерт за почеток на денот!

Вреди да се проба:

Реклама

Многу едноставен за приготвување освежителен десерт и пијалок. Двојно задоволство за сите љубители на нескафе, пудинг и млеко…

Идеален за почеток на денот кога на сите нас ни е потребно слатка доза на кафе која ќе не расони.

Реклама

Состојки:

  • 2 шолји млеко
  • 2 лажици инстант кафе/нескафе
  • 1 лажичка какао во прав
  • 2 ½ лажици нишесте
  • ¼ шолја шеќер
  • ½ шолја слатка павлака
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • малку цимет

Начин на подготовка:

Во сад за готвење измешајте го млекото заедно со нескафето, какаото и нишестето. Додадете шеќер, пола лажичка ванилин екстракт и прстофат сол.

Гответе на средна температура, константно мешајќи за да не се згрутчи. Откако ќе зоврие мешајте уште една минута и тргнете го на страна.

Реклама

Оставете го пудингот добро да се олади.

Во меѓувреме, со миксер изматете ја слатка павлака заедно со 2 лажици шеќер и пола лажичка ванилин екстракт.

Изладениот пудинг сервирајте го во соодветни чаши а одозгора ставете од изматената слатка павлака. По желба наросете цимет или какао во прав.

- Advertisement -

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -