Подгответе декоративни колачиња кои се прават за проодување на најмалите.
(Рецептот го испрати Симона Илиевска)
Денес ви подготвивме рецепт од нашата читателка Симона, погледнете ја постапката како на едноставен начин да направите колачи-престапалки.




Рецепт за престапалки: Лесни чекорчиња за малата кумашинка Нела. 🙂
Состојки:
- 300 гр брашно
- 200 гр маргарин
- кора од лимон
- 1 пециво
- 2 јајца
За глазура:
- 2 белки
- 360 гр шеќер во прав




Начин на подготовка:
Во длабок сад се мешаат сите состојки и се меси тесто, да се соединат убаво состојките. Потоа се остава да отстои тестото 30 минути во фрижидер.




Се расукува кора од тестото, не многу дебела околу 1-2 сантиметри тенка. Со калап во форма на ноџиња се вадат колачите.
За подготовка на глазурата, убаво изматете ги белките со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав. Добиената смеса ставете ја во шприц за декорација и декорирајте по ваша желба.
Истите колачи може да се декорираат и со форми од фондан.
Рецепт од наша читателка : Симона Илиевска




Добар апетит!