Направете ДВЕ ПИТИ со едно тесто: Слатко и солено задоволство направено за 40 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Ќе го воодушевите семејството со феноменална слатка пита со суво грозје и јаболка и солена пита со сирење.

Состојки:

  • 1/2 кг тенка кора
  • 200 гр сирење
  • 1 лажица павлака
  • 1 јајце
  • малку прашок за пециво
  • 2 поголеми јаболка
  • малку цимет
  • 50 гр суво грозје
  • мед или шеќер по желба
  • масло

Подготовка:

Исечете ги корите на половина. Изгмечете го сирењето, додадете го јајцето и 1 полна лажица павлака и измешајте. Излупете јаболко и изрендајте го, додадете суво грозје и цимет и засладете по желба.

Реклама

Премачкајте 4 кори, па ставете јаболка во средина и исечете ги корите што ќе останат празни на страните во ленти и прекрстете ги и преклопете така што ќе направите коцкички.

Ставете во подмачкана тава. Направете го тоа и пополнете ги следните две со сирење. Питата со сирење може да се премачка со жолчка и да се посипе со семе од сусам. Печете на 200 степени, 40 минути.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -