Прочуеното руско јадење бифтек Строганов е распространето ширум светот, но често многумина знаат да го изостават поради наводно комплицираниот начин на подготвување.
Ова јадење минало долг пат од својата оригинална верзија што се подготвувала уште во рускиот дворец од 19-иот век, со преопразба до сите можни варијации на тема, а денес клучот е во едноставноста и брзината на подготвување.
Да, вистина е дека ова јадење може да се подготви за само 30 минути како што денеска ќе ви претставиме.
Тоа не значи дека на крај нема да добиете превкусен оброк, туку ќе бидете поносни на своите гастрономски способности и напротив ќе уживате во секој сегмет од негвото приготвување.
Потребни состојки:
- 120 гр. путер
- 900 гр. телешки бифтек (сечено на лентички од околу 1,5 см)
- едра сол по потреба
- свежо мелен црн бибер
- 3 главици црвен кромид – ситно сечкан (може и бел кромид)
- 2 чешниња лук (ситно сечкан)
- 1 кг. шампињони (сецкани)
- 300 мл. телешку булјон
- 1 1/2 лажици сенф
- 60 гр. павлака
- 30 гр. свежо сецкан магдонос
- 450 гр. јуфки – папардела тестенини ”Papardele”
- 30 гр. свеж копар (ситно сецкан
Начин на подготовка:
Во длабока шерпа стопете 45 грама путер на средна температура. Зачинете го телешкото со едра сол и мелен црн бибер. Полека додавајате го месото во шерпата и наредте ги во еден слој, а потоа динстајте го додека не добие златинеста боја или околу минута и половина од секоја страна. Извадете го телешкото месо од шерпа.
Додадете уште 45 грама путер во шерпата на среден оган, а потоа додадете ги кромидот, лукот и динстајте ги околу една минута. Истурете ги и печурките и динстајте се додека не омекнат, околу 5 минути.
Откако ќе омекнат шампињоните додадете го булјонот и сенфот и оставете да крчка на средна температура. Гответе додека течноста не се претвори во густ сос и печурките потполно не омекнат, околу 8 до 10 минути.
Додадете го телешкото месо и продолжете со динстање додека месото не омекне, околу 3 минути. Потоа додадете ги павлаката и магдоносот.
Во меѓувреме, ставете вода во голем длабок сад на оган и оставете да зоврие. Кога ќе проврие водата истурете ги тестенините и оставете да се готват.
Кога ќе се сварат тестенините ставете ги во голема чинија и измешајте ги со 30 грама путер и зачинете ги со сол и бибер. На нив додадете го телешкиот бифтек со сосот и посипете го со ситно сечкан свеж копар.
На здравје!