НАПРАВЕТЕ ГО НАЈВКУСНИОТ ОРИЗ НА СВЕТОТ: Овој трик го позајмивме од Азија, му нема рамен!

Вреди да се проба:

Реклама

За оризот да биде совршено сварен, потребен ни е правилен однос на водата и оризот, како и должината на готвењето.

Во една шолја ориз се препорачува да се додадат една и пол шолја вода. За да ја добиеме оваа прекрасна жолта боја на оризот, како додаток користиме куркума или кари. Вака подготвен ориз може да послужи како додаток на некое месо или риба, но може да биде и оброк сам по себе.

Реклама

Состојки:

  • 125 гр ориз
  • 500 мл бистра супа
  • 1 среден кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го. На путер и маслиново масло пропржете го кромидот и лукот. Потоа додадете го оризот и пропржете неколку минути. Во супата истурете ја куркумата, солта и биберот а потоа додадете ја во оризот.

Оставете го оризот да се готви 10-15 минути. Потоа покријте го оризот и тргнете го од оган. Оставете најмалку 15 минути. На овој начин оризот ќе нарасне полека а ќе стане мек и без дејство на топлината. Украсете со листови од магдонос.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -