Реклама
Ако немате дома, не очајувајте. Брзо и лесно направете кисела вода од состојките што ги имате.




Тргнавте да направите тесто за слатко или солено јадење и сфативте дека сте заборавиле да купите кисела вода. Сега не мора да одите во продавница, туку едноставно направете замена минерална вода со сода бикарбона, вода, шеќер и оцет што ќе ви олесни се.
Реклама




Сите знаеме дека сода бикарбоната има широка примена во домаќинството и дека со неа и лимонот можеме да исчистиме многу работи.
Состојки:
- 1 шолја вода 100 мл
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 2,5 лажици оцет
Подготовка:




Додадете сода и шеќер во водата, а потоа измешајте. На крај се прелива оцетот и киселата вода е готова. Брзо, лесно, едноставно и несекојдневно.