Направете нешто ново и невообичаено за семејиот ручек. Изненадете ги вашите најмили со еден прекрасен рецепт за пита што ќе ги воодушеви со својот извонреден вкус.




Доколку ви се наоѓа некоја тегла ајвар искористете ја за да ја направите оваа превкусна пита. Верувајте нема да зажалите, сите ќе ви бараат по едно дополнително парче.




Потребни состојки:
- 500 гр тенки кори за пита
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 главица црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 3 лажички сув зачин од билки
- 450 гр ајвар
- 4 јајца
- 1 прашок за пециво
- 250 мл јогурт
- 100 мл газирана вода
- 200 мл масло




Начин на подготовка:
Прво избројте ги корите и поделете ги во групи по 4 кори.
Ставете масло (150 ml) и газирана вода (100 ml) да зовријат, а потоа тргнете ги од оган.
На масло пропржете ги исецканиот црвен кромид и 2 чешниња лук. Додадете го меленото месо и пржете сè заедно. Зачинете со 2 лажички сув зачин од билки и мелен црн бибер.




Земете едно плехче со големина од 25х35см и премачкајте го со масло.
Ставете ја првата кора во плехот и премачкајте ја со мешавината од вода и масло. Наредете ја втората, третата и четвртата кора, исто така премачкувајќи ги со вода и масло. Четвртата кора премачкајте ја со 2-3 лажици ајвар и посипете ја со една четвртина од подготвеното мелено месо.




Повторно наредете 4 кори и на истиот принцип секоја премачкајте ја со вода и масло, а потоа посипете ја со 2-3 лажици ајвар и 1/4 мелено месо. Истото повторувајте го и со преостанатите кори, на крај завршете со кори.
Направете прелив за питата, изматете 4 јајца и додадете прашок за пециво, 1 лажичка сув зачин, 50мл. масло, јогурт и 200мл. газирана вода.




Потоа исечете ја питата на парчиња и прелијте ја со преливот од јајца. Оставете ја така питата да отстои 10 минути, за корите да го впијат преливот.




Потоа ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 °C околу 45 минути.