Ви предлагаме да подготвите лесен и здрав сендвич со пилешко и авокадо. Пилешкото може да е гриловано, сварено или печено. За помалку од 10 минути со овој одличен рецепт ќе се чувствувате сито, лесно и прекрасно.
Може да го подготвите со комбинација од било какви зеленчуци и да имате во домот.
Ова е нашиот предлог за комбиниран врап сендвич:
Состојки:
- тортилја лепчиња
- јогурт по желба
- 1 авокадо
- зготвено пилешко месо (кинато на лентички)
- сок од 1/2 лимон
- сол
- сечкан кромид (млад кромид со перца и црвен кромид)
- магдонос по желба
- 1 пиперка
- чедар по желба (ситно рендан)
Подготовка:
Авокадото се пасира заедно со сокот од лимон. Се додава малку јогурт, ситно сецкан кромид и магдонос. Пилешкото месо се кине на лентички и се додава кон смесата. Се зачинува со сол и се мешаат состојките.
Добиената смеса се мачка во подебел слој врз тортилјата. Пиперката се сече на лентички по должина и се реди врз тортилјата и се по посипува со ситно рендан чедар.
Тортилјата се витка како ролат и се послужува.
Уживајте во одличниот вкус!