Салатата од зелка која ќе ја прелиете со оцет е веќе класика, сега направете ја оваа со варени јајца и мајонез.




Нема човек кој не сака да јаде салата од зелка и малку рен во комбинација со печено месо. Сега наместо класичната, направете салата од зелка со варени јајца и мајонез.
Оваа салата ќе стане хит на прославите, но можете да ја послужите и за ручек со малку месо како сланина.
Состојки:
- 600 гр свежа зелка
- 2-3 топени сирења
- 3 варени јајца
- млад кромид
- 3-4 чешниња лук
- мајонез
- со, шеќер, црн пипер




Подготовка:
Изрендајте ја зелката и посолете ја. Изрендајте ги и сирењето и варените јајца. Оставете на страна една жолчка за декорација.
Младите кромидчиња исечкајте ги, а лукот ситно исечкајте го. Измешајте ги сите состојки, а потоа додадете сол и бибер. Соединете ги состојките и додадете мајонез.




Од добиената смеса во садот направете полутопка, долниот дел украсете го со млад кромид, а врз него изрендајте ги жолчките.




Декорирајте и послужете. Пријатен апетит!
Во продолжение погледнете го видеото како се приготвува оваа салата.