Реклама
Направете здрав и вкусен намаз од јаткасти плодови.




Намаз од орев со сенф и лук ќе ве воодушеви со својата арома и пикантност. Лесно се подготвува, а можете да го послужите и како сос за чипс. Рецептот кој ви го подготвивме, освен што ќе го нахрани вашето тело, ќе го нахрани и вашиот мозок, бидејќи јаткастите плодови се познати како храна за добра меморија.
Реклама




Состојки:
- 300 гр ореви
- 1 кафена лажичка сенф
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажица зовриена вода
- сол, бибер
Подготовка:




Ситно сомелете ги оревите. Додадете сол, бибер и лук во гранули и се добро измешајте. Потоа додадете сенф и зовриена вода, и сето убаво соединете го.




Внимавајте на количината на вода за намазот да не биде премногу редок. Измешајте и послужете со тост леб. Овој намаз може да биде одличен оброк за време на постот на вода.
Реклама
Пријатно!