Мусака со тиквички

Вреди да се проба:

Мусаката со тиквички има неколку модификации и помошни состојки кои ја менуваат на вкус. Ова е еден од начините како може да ја направите.

Потребни состојки:

  • 500 гр Мелено јунешко месо
  • 2 Зелени тиквички
  • 2 поглеми Домати
  • 1 лажица Масло од семки од грозје
  • 1 чешне Лук
  • 2 Зелени пиперки
  • 1 Млад кромид
  • 1 Црвен кромид
  • 1 Кромид

Зачини:

- Advertisement -
  • по желба Магдонос
  • по желба Сол и бибер
  • 1 лажица Црвен пипер ( зачин )

Начин на подготовка:

На ситни коцки ги сецкате: кромидот, црвениот кромид, младиот кромид, пиперките и лукот. Тиквичките ги лупите и сецкате на тенки кругови.

Кога ќе се испржи зеленчукот на малку масло, го додавате меленото месо. Најдобро е солта и биберот да го ставите на почетокот од пржењето на месото.

Откако ќе се испржи месото ги додавате црвениот мелен пипер, исецканите и малку испасирани домати и го исклучувате шпоретот. Додавате и свеж магдонос по ваша желба, мешате убаво и ја тргате тавата од шпорет.

На веќе исецканите и наредените тиквички го ставате испржениот зеленчук и месото. Остатокот од тиквичките го редите врз месото.

Во веќе загреана рерна на 200 степени, ја ставате мусаката да се пече. Потребно време е околу 40 минути, но ако вашата рерна е премногу силна може да ставите алуминиумска фолија.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!