Мрзлива штрудла со јаболки – Десерт за сечиј вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој десерт може да го направите кога и да посакате. Се вика мрзлива штрудла, бидејќи не се прави од месени кори, туку тестото се замесува со мешање гриз и брашно.

Состојки:

  • 1 шолја брашно тип 500
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 1 кг јаболка
  • 1 шолја масло
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 30 гр кравји путер
  • 1/2 пакетче цимет во прав
  • 1 филџан лажички мелени ореви
  • 1 шака шеќер во прав

Начин на подготовка:

Во еден сад се мешаат брашното, гризот, путерот, шеќерот и прашокот за пециво. Од нив се замесува брашнесто тесто, важно е добро да се измешаат. Смесата се дели на две половини. Едната половина се става во плех претходно намастен со масло, а другата се остава за подоцна.

Реклама

Смесата во плехот се попрскува со половина од маслото.

Јаболката се лупи и се ренда. Потоа се меша заедно со циметот и оревите и се посипува врз брашнената смеса во плехот.

Реклама

Со преостанатата сува брашнена смеса се покрива филот од јаболка. На крај одозгора се попрскува со преостанатото масло.

Мрзливата штрудла се пече на умерена температура, додека не се формира убава кора.

Се служи попрскана со шеќер во прав.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -