Реклама
Уживајте во сочни и вкусни закуски со вашите најблиски.




Состојки:
- 4 модри патлиџани
- 400 гр сецкани печурки
- 1 мала чаша бело вино
- 2 лажици доматно пире
- 200 гр рендано тврдо сирење
- 1 кромид
- магдонос по вкус
- 3-4 лажици маслиново масло
- сол по вкус
- бибер по вкус




Подготовка:
Измијте и исечете ги модрите патлиџанина половина, извадете ја средината од нив и исечете ја на коцки. Потоа измешајте ја средината со сецкани печурки, сецкан кромид, магдонос и бело вино. Додадете маслиново масло, доматно пире, сол и бибер.
Реклама




Наполнете ги модрите патлиџаните со овој фил, ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со масло и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Посипете со рендано сирење пред крајот на печењето.




Добар апетит!