Руски лекар советува да ги третираме проблемите со белите дробови со стар народен лек.




Карамелизиран шеќер, млеко и маснотии – е пијалокот на нашето детство. Станува збор за стар рецепт што загрижените мајки го подготвуваа секој пат кога почнувавме да кашламе, ги чувствувавме првите симптоми на грип.




Постојат 3 начини да се направи оваа напивка:




1. Начин
- 2 лажици Шеќер
- 1 чаша млеко
- 1 лажичка маснотии (свинска маст или од гуска)
Карамелизирајте 2 лажички шеќер во тенџере, а потоа додека сеуште врие, додадете млеко и мешајте додека не се растопи шеќерот. Кога се истура во чаша, додадете лажичка маснотии (свинска или гускина) и пијте го млако. Вкусот не е лош, ако се додаде маст.
2. Начин




- 1 чаша Млеко
- 1 лажица маснотии
- и лажица мед
Млекото се загрева до вриење, а потоа се додава маснотија. Кога пијалокот ќе се олади, додадете една лажица мед и испијте го пред спиење. Ако чувствувате треска, најдобро е убаво да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш по овој пијалок.
3. Начин




- 2 лажици Шеќер
- 1 чаша млеко
- гранче жалфија
Шеќерот се карамелизира, а потоа се додава млеко. Додека млекото се уште врие, се става во него гранче жалфија, а по неколку минути се вади од рингла, се цеди и се пие додека пијалокот е уште топол.