МИШ – МАШ на селски начин

Вреди да се проба:

Реклама

Миш-маш каша што ќе ја јадете до последниот залак.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 60 гр масло
  • 4 домати
  • 7-8 пиперки
  • 1 глава кромид
  • 200 гр сирење
  • магдонос
  • сол
  • црн пипер – по избор

Подготовка:

Пиперките првин испечете ги, излупете ги и исецкајте ситно. Исецкајте го кромидот и  ставете го во тава со масло. Додадете ја печената, излупената и сецканата пиперка.

Реклама

Откако ќе се испржат пиперките, додадете излупени и ситно исецкани домати. Вака пржете додека додека течноста не испари целосно.

Потоа додадете рендано сирење, ситно сецкан магдонос и претходно изматени јајца со малку сол.

Реклама

Пржете, мешајќи постојано, додека јајцата не станат цврсти. Попрскајте ја миш-маш кашата со малку црн пипер.

Послужете го топло јадењето со јогурт.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -