Мини ХОТ ДОГ: Вкусен оброк за најмалите и најмилите!

Вреди да се проба:

Вкусен доручек за најмалите. Нема да згрешите со овој рецепт.

Состојки:

  • 250 мл млеко
  • 1 пакетче свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 500 гр брашно
  • 100 мл масло
  • малку сол
  • виршли
  • 1 јајце
  • сусам

Подготовка:

Квасецот стопете го со лажичка шеќер во млако млеко. Во сад ставете брашно, сол, масло, додадете ја смесата со квасец, направете го тестото рачно и оставете го на топло место 45 минути за да нарасне тестото.

- Advertisement -

Кога тестото ќе нарасне, развлечете го тенко, исечете ленти и завиткајте ги околу виршлите што претходно сте ги спремиле.

Поставете плех со хартија за печење и ставете ги виршлите на неа. Премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со семе од сусам или ким.

Печете ги околу 20 минути на 180 ° С.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!