МИНИ ПИЦИ НАПРАВЕНИ ОД ЛИСНАТО ТЕСТО: Подобро отколку од пекара – топли, крцкави и неодоливо вкусни!

Вреди да се проба:

Научете како да направите мини пици од лиснато тесто.

Мини пиците се одличен предлог за вечера, а вака подготвените се уште подобри отколку ако ги купите во пекара. Совршено крцкави и неодоливо вкусни, а толку лесно се прават што успеваат и оние кои никогаш ништо не зготвиле. Состојките можете да ги изберете по ваша желба, ние ви ги предлагаме наједноставните и донекаде најевтините.

- Advertisement -

Состојки:

  • 900 гр лиснато тесто
  • 400 гр шунка
  • 400 гр тврдо сирење
  • 2-3 домати
  • 150 гр кечап (сос од домати)

Подготовка:

Лиснатото тесто развлечете го и премачкајте со кечап или сос од домати. Потоа наредете ситно сечкана шунка и домати, па посипете со рендано сирење.

Завиткајте го тестото и исечете го на мали ролатчиња. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се посипуваат со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 25 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!