Реклама
Тешко дека некој ќе може да познае дека се од готови кори! Совршено вкусни и меки, а многу едноставни за подготовка.




Состав:
- 400 гр готови кори
- коцка квасец
- 200 мл млеко
- 1 лажичка шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 лажичка сол
- 100 мл зејтин
- 2 јајца
- 3 страка праз
- 100 гр фета сирење
- 100 гр обично сирење
Подготовка:
За подготовка на филот, исечкајте го празот и кратко динстајте го со половина шоља вода. Откако воата ќе испари, кратко пропржете со малку масло. Тргнете ја тавата од оган и додадете ги јајцата и сирењата.
Реклама




Измешајте го квасецот, заедно со шеќерот, млакото млеко и брашното и оставете да се активира. Потоа додајте го зејтинот и солта.




Со приготвената смеса се премачкува секоја кора, се става од филот и се формира баничка. Секоја баничка се премачкува одозгора и од страна со смесата од квасец, и се наросува сусам.
Реклама




Баничките се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, односно додека не заруменат.