Мимоза салата – кралица на салатите

Вреди да се проба:

Реклама

Шарена експлозија од бои и вкусови, ова е најубавиот рецепт за мимоза салата.

Состојки:

  • варени компири
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал (сирење)
  • 4 варени јајца
  • 2 варени моркови
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр павлака
  • сол, бибер

Подготовка:

На дното од стаклен сад изрендајте варен компир, па додадете сол и бибер, потоа додадете половина од павлаката и распределете убаво.

Реклама

Одозгора додадете малку мајонез, потоа рендан морков, па павлака, потоа шунка, па остатокот од киселата павлака,  повторно малку мајонез, потоа изрендани варени јајца со завршница од мајонез и на крај рендан кашкавал или сирење.

Можете да ја оставите фантазијата да дивее и да ја украсите по ваша желба. Добро е да се олади во фрижидер околу еден час и да служи како предјадење, додаток на месо или само како главно јадење.

Реклама

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -