Гурманско јадење кое предизвикува со својот вкус и изглед. За вистински домаќинки и големи гурмани.




Состојки:
- 500 гр свинско месо
- 500 гр пилешко месо
- 500 гр телешко месо
- 300 гр мелено месо
- 500 гр печурки
- 2 главици кромид
- 2 пиперки
- 2 моркови
- 1 модар патлиџан
- 1 тиквичка
- 10 бамји
- 200 мл говедска супа
- малку масло
- сол и бибер по желба
Подготовка:




Во тава со загреано масло пропржете го сечканиот кромид. Потоа додадете сечкани печурки продолжете со пржењето. Додадете сечкани пиперки и моркови и се убаво измешајте и продолжете да пржите. Состојките зачинете ги со сол и бибер по желба




Додадете сечкан модар патлиџан на коцки, сечкана тиквичка на коцки и целите бамји претходно убаво измиени. Свинското, телешкото и пилешкото месо исечете го на коцки а потоа испечете го на скара односно може и на тава која не лепи со користење на малку масло.




Од меленото месо формирајте топчиња а потоа и нив испечете ги како што направивте со месото. Откако ќе го испечете месото додадете го во тавата со пропржените печурки и зеленчук.




Откако сите состојки добро ќе ги промешате, префрлете ги во земјена тава. Полејте ја тавата со говедската супа печете во загреана рерна на 180 степени околу два саати. Месотот ќе стане кревко а зеленчукот ќе се топи во уста.
Пријатно!