Вкус создаден за уживање.




Состојки:
- 700 гр млади тиквички
- 300 гр пилешко филе
- 1 главица кромид
- 3 лажици кисела павлака
- лажичка мед
- 1 јајце
- 100 гр сирење
- лажица масло
- сол
- бибер и други зачини по вкус.
Подготовка:




Пилешкото исечкајте го на коцки и ставете го во сад. Измешајте мед, павлака, бибер и сол, па истурете во коцките пилешко, измешајте и оставете да се маринираат.




Исечкајте го кромидот и пржете на масло додека да омекне. Излупете ја тиквичката, измијте ја и изрендајте ја. Зачинете со малку сол, па измешајте и со рака исцедете го вишокот вода од тивицата. Изрендајте го сирењето.




Во сад ставете ги коцките пилешко, прелијте со едно изматено јајце, посипете со рендано сирење, па додајте го пропржениот кромид. Добро измешајте, па додадете ги тиквичките и нежно измешајте. По желба додадете повеќе сол или други зачини.




Префрлете ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење, израмнете и печете 40-50 минути на 200 степени.




Овој феноменален оброк од тиквички е одличен дури и за вечера – не содржи многу калории, а е многу вкусен и сочен. Добро е и за ручек во летните месеци, кога поради жештините не сакаме јака и мрсна храна.
Пријатно!