Реклама
Мешаната салата е направена од повеќе видови зеленчук и секогаш е присутна во менијата на македонските традиционални ресторани и на нашите трпези.




Состојки:
- 2 домати
- 2 краставици
- 2 моркови
- 2 парчиња сирење
- 2 ротквици
- ½ цвекло
- ¼ зелка
- Маслиново масло
- Сол
Подготовка:




Краставиците се сечат на тенки кришки, доматите се сечат на четири парчиња, морковите и цвеклото се рендаат, зелката се сечка и ротквиците се сечат на тенки кругови. Сите состојки се редат во овална чинија по желба. Се додава сол и се попрскува со масло за јадење по вкус.
Реклама




Пријатно!