МЕШАНА КИСЕЛА САЛАТА за во зима: Највкусна салата која сите ќе ја сакаат!

Вреди да се проба:

Реклама

Подготовка на кисели краставички, салата која сите ја сакаме.

Состојки:

Пресол, основна смеса:

Реклама
  • 5 литри вода
  • 1 л бел алкохолен оцет 9%
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици сол
  • 1 лоза 10 гр

Зеленчук 10 кг. Можете да го промените изборот на зеленчук. Ние употребивме:

  • 3 кг карфиол
  • 3 кг краставици
  • 2,5 кг зелка
  • 1,5 кг пиперка
  • Ловоров лист и зрна бибер

Подготовка:

Исчистете го зеленчукот и исечете го на парчиња по ваша желба како сакате да го консумирате. Наредете во тегли или кофа или буре. Измешајте ги сите состојки за пресолот. Потоа зеленчукот прелијте го со пресолот до врвот на теглата. Одозгора ставете по еден-два листа ловор, и неколку зрна бибер. На врвот од теглата ставете мрежа и цврсто затворете ја.

Реклама

Салатата оставете ја на темно и топло место околу 15 дена. После тоа чувајте ја на ладно и темно место. Рок на траење до една година, доколку не се потроши. Салатата е готова за употреба по 15 до 20 дена.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -