Метропол салата – превкусна, освежувачка и декоративна….

Вреди да се проба:

Реклама

Како предлог за прилог еве еден рецепт за салата, која е подобра и повкусна од руската.

Состојки:

  • 400 гр. компир
  • 250 гр. морков
  • 4 јајца
  • 100 гр. праз
  • 200 гр. димена печеница
  • 250 гр. мајонез
  • 250 гр. кисела павлака со 20% масленост
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици сув зачин
  • лук во прав (по желба)

Најпрво сварете ги компирот, морковот и јајцата. Исчистете ги морковите и олупете ги компирот и јајцата. Сите состојки насечете ги на мали ситни коцкички. Празот насецкајте го на што е можно поситни парченца.

Реклама

Во длабок сад ставете мајонез, кисела павлака, сенф, сув зачин и лук во прав. Сето тоа добро измешајте го додедека убаво се соедини. Потоа додадете ги ситно сецканите праз, компир, морков и јајца. Промешајте па додадете ја и ситно сецканата печеница. Добро измешајте ги сите состојки и оставете ја салатата да се олади во фрижидер.

За декорација, при сервирање одозгора може да додадете 2-3 лажички кисела павлака, 1 варено јајце и магдонос.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -