Доколку имате вишок варени јајца за Велигден еве како да ги искористите. Предлог ручек за сочен ролат од месо, идеално јадење за ручек во недела.




Состојки:
- 700 гр мелено месо
- 5 парчиња варено јајце
- 1 јајце свежо
- 1 кромид, црвен
- 1 чешне лук
- 2 парчиња леб
- 2 дл кравјо млеко
- 1 лажица сенф
- 1 лажичка црвен пипер во прав
- 2 лажици трошки од леб
- 10 парчиња сланина




Подготовка:
Омекнете го лебот во млеко и исцедете го. Додадете мешано мелено месо, мелен лук, сецкан кромид пржен на масло, црвен пипер, јајце, сол и бибер и се добро измешајте. Калапот куглоф премачкајте го масло и наредете го целиот со парчиња сланина и префрлете го вишокот сланина преку работ.




Потоа ставете половина од смесата во калап која ја подготвивте. Излупете ги петте тврдо варени јајца и наредете ги на смесата. Покријте ги со другата половина од мешавината на мешано мелено месо и потоа покријте го со сланината која ви излегуваше преку рабовите на куглофот.




Премачкајте го со масло и ставете го во рерна на 200С. Покријте со фолија. По 35 минути, извадете ја фолијата, премачкајте го со сенф и посипете со трошки од леб, па вратете во рерна да се запече уште десетина минути.




Добар апетит!