Мексиканска мусака: Одлична комбинација на вкусови!

Вреди да се проба:

Одлична комбинација на вкусови!

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 4-5 црвени пиперки поголеми
  • 1 жолта пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 3 тиквички
  • малку маслиново масло + путер
  • 1 конзерва слатка пченка (колку повеќе толку подобро)
  • 2 лажички мешавина од зачини
  • 1-2 дцл вода
  • 0,5 кг рендан кашкавал
  • чили во прав
  • 1-2 парчиња пилешко филе
  • тортиљи

Подготовка:

Исечете го исеченото пилешко филе и измешајте со смеса од путер и маслиново масло. Додадете ситно сецкани пиперки и пропжете ги овие состојки заедно. Кога малку ќе порумени месото, додадете лук и пченка. Додадете го зачинот и покријте го со вода.

- Advertisement -

Додадете сецкани тиквички на малку поголеми коцки, додадете повеќе чили и сол по вкус. Оставете така да крчка додека тиквичките не станат половина меки за 3-5 минути.

Во огноотпорен сад, подмачкајте го дното малку и наредете ред тортиљи, ред запржен зеленчук, ред рендан кашкавал и повторете го ова додека не се потрошат состојките и на крај завршете со ред тортиљи. Мусаката се става да се пече во топла рерна 30-35 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!