Се подготвува поинаку од „обичните“ лебови, но подеднакво е вкусно – ако не и повкусно! Иако сите сме навикнати да печеме леб во рерна, пробајте го овој од тавата – нема да зажалите! Лесно се подготвува, а содржи и кефир, природен пробиотик кој многу добро влијае на здравјето на цревата.
Состојки:
- 450 гр брашно
- 10 гр квасец
- 150 мл топла вода
- Лажичка шеќер
- Лажичка сол
- 150 мл кефир
- Масло за подмачкување
Подготовка:
Прво, истурете го брашното и солта во садот, направете дупка на средина.
Во посебен сад истурете млака вода, квасец и шеќер, измешајте, па истурете ја во шуплината што сте ја направиле во брашното и оставете го да стаса.
Потоа додадете кефир, измешајте добро и обликувајте го тестото во топка. Оставете да се крене на топлина околу еден час.
Извадете го тестото на набрашнета површина, измешајте го малку, а потоа намачкајте поголема тава. Ставете го тестото во тава, лесно притиснете го со рацете од горе за да го разредите малку, покријте го и оставете го да стои десетина минути.
Потоа ставете ја тавата покриена на тивок оган, пржете околу еден час, свртете на другата страна и оставете уште десет минути.
Пријатно јадење!