МЕКИ ЛЕПИЊИ СО КЕФИР И ЗЕЛЕНЧУК: Тестото не се меси, се прават исто како палачинки!

Вреди да се проба:

Реклама

Домашните лепчиња со кефир и зеленчук се подобри од оние купени во продавница.

Домашниот леб или лепчиња се секогаш подобар избор од оние од продавница, но не сте секогаш расположени да го замесите тестото. Затоа ви предлагаме рецепт за меки лепињи со кефир и зеленчук кои се подготвуваат слично како палачинки. Можете да ги јадете сами или со некој сос. Овие лепчиња успеваат за секого, не треба да сте искусна домаќинка, а вкусот е фантастичен.

Реклама

Состојки:

  • 250 мл кефир
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажица масло
  • 2 јајца
  • 130-140 гр брашно
  • 100 гр тврдо сирење
  • 1 домат
  • 80 гр шунка
  • млад кромид

Подготовка:

Во кефирот додадете шеќер, сода бикарбона, сол, масло и јајца, па изматете. Истурете го брашното и добро измешајте.

Потоа додадете ги исечканите домати кои сте ги издлабиле во средината, сечканата шунка и младиот кромид, како и ренданото сирење. Добро измешајте. Во загреаната тава истурете по една лажичка од смесата и печете ја од двете страни.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -