Мекици Лангош: Научете како да направите вкусно тесто според оригинален унгарски рецепт!

Вреди да се проба:

Лангош е познат специјалитет од унгарско тесто. Ги нарекуваат „унгарски мекици“, а како што се проширува и надградува кујната, во основниот рецепт може да се додадат јогурт, пире од компири, павлака и сирење. 

Состојки:

  • околу 1 кг брашно
  • 40 гр свеж квасец
  • 3 лажици масло
  • 700 мл млака вода
  • 2 лажички шеќер
  • 1,5 лажички сол
  • масло за пржење

За премачкување:

- Advertisement -
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици масло

Повеќе:

  • 400 гр павлака
  • 400 гр рендано сирење (кое било)
  • сол

Подготовка:

Истурете млака вода, шеќер, масло, квасец во сад и измешајте. Постепено додавајте брашно и сол. Месете меко тесто, покријте го и оставете го на топло да стаса ситно. Месете го тестото и направете помали топчиња. Покријте ги да отстојат уште малку, само чекајте да се загрее маслото.

Истегнете ја секоја топка со рацете и натопете ја во врело масло. Пржете од двете страни додека не заруменат, а потоа извадете ја на салфетка за да исцеди вишок маснотии. И така се до крајот, додека не ги испржите сите мекици.

Ситно изрендајте или исечкајте го лукот и измешајте го со маслото и премачкајте ги мекиците додека се уште се жешки.

Потоа богато намачкајте ги со павлака, сол и посипете со сирење.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!