Пита што ќе ве освои при првиот залак.




Состојки:
- 1 кг брашно
- 1 лажица сол
- 100 мл масло
- 4 јајца
- 330 мл млеко
- 40 гр свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
Фил:
- 400 гр сирење
- 200 гр маргарин
- 1 јајце
- 1 јајце за премачкување, сусам




Подготовка:
Додадете сол, масло, јајца и млеко во брашното. Активирајте го квасецот, потоа додадете го во брашното и замесете тесто. Покријте со крпа и оставете да одмори 40 мин. Месете го тестото и развлечете го на набрашнета работна површина. Тестото треба да го расукате во правоаголна форма и да го премачкате со растопен маргарин.




На остатокот од маргаринот додадете рендано сирење и јајце и измешајте се убаво. Ставете од тој фил на едниот крај од правоаголникот што го премачкавте со маргарин и замотајте лесно двапати. Потоа исечете по должина. Пото пак ставете од филот и пак замотајте и пак исечете.




ја така постапката се додека не ја потрошите кората и филот. Потоа завитканите ленти ставете ги во плех за печење подмачкан со маргарин во круг и на секоја лента надоврзете ја следната лента, така ќе добиете форма полжав. Премачкајте со јајце и посипете со семе од сусам. Печете околу 40 минути на 180 степени.
Добар апетит!