Овој лек може да помогне некому да се ослободи од циста во телото. Чувар куќа со своите лековити својства секако му дава можност на организмот да реши многу здравствени проблеми.
Патем, многу е важно за жените, за здравјето на градите, да јадат по два лисја секое утро. Прво, тенката мембрана се отстранува од листот и се јаде така сирово. Вкусот е многу пријатен, малку кисел. Во секој случај, не може да боли, а она што не боли може да помогне!
Состојки:
- 1/2 кг лисја од Чувар Куќа
- 1 кг мед
Подготовка:
Смелете ги лисјата на чувар куќа во блендер. Истурете во пластичен сад и измешајте со мед. Комбинирајте ја смесата добро со дрвена или пластична лажица, така што убаво ќе се соедини.
Истурете ја смесата во поголема тегла и затворете ја теглата. Обложете ја целата тегла со алуминиумска фолија за да не допира светлина до смесата.
Оставете така да стои 5 дена во фрижидер. Од шестиот ден на празен стомак земете по 2 мали лажички и во следните 20 минути не јадете ништо, пијте малку вода.