Липа во природата, може да се најде како едно дрво, и често се засадува како група дрвја со цел украсување паркови. Подолу ви донесуваме рецепт за ликер од липа.




Состојки:
- 1 литар гроздова ракија
- 4 гр цвет од липа
- 10 гр кора од дуња
- 1 стапче цимет
- 1 стапче ванила
- 1 морско оревче




Подготовка:
Исецкајте ги растенијата на ситни делови, исечкајте ја кората од дуња и ставете се во стаклена тегла заедно со ракијата, па оставете така најмалку 20 дена. Протресете еднаш или двапати на ден.




По 20 дена, исцедете ја содржината додека не добиете проѕирна течност, ставете во шише и оставете да отстои уште најмалку два месеци пред употреба.




Липа, или нејзините цвеќиња и лисја, се исклучително лековити поради високата концентрација на фитонутриенти, особено флавоноидите. Цветот од липа содржи железо, калциум, витамин Ц, танин, гликозиди, соли од манган и есенцијални масла. Липата има навистина широк спектар на здравствени вредности.




Докажани лековити својства на липата се:
-
- го намалува крвниот притисок
- лечи анемија
- ја чисти крвта и бубрезите
- чајот е исклучително добар за настинки, грип и респираторни заболувања
- лечи хронична и спазматична кашлица
- за смирување (релаксира напнати нерви и дава добар сон)
- лечи епилепсија
- спречува пневмонија
- лекува од песок во бубрегот
- ги отстранува брчките и пегите од кожата на лицето
- спречува опаѓање на косата
- изгореници и рани треба да се исплакнат и премачкаат со чај
- ја подобрува столицата